За нас

кои сме ние
За нас
Sador Concept е компанија специјализирана за продажба на квалитетен мебел, оков за мебел и решенија за уредување на ентериери. Со повеќе од 20 години искуство во областа и официјално работење од 2020 година, нашата мисија е да понудиме практични, модерни и долготрајни решенија за секој дом, деловен простор и ентериерски проект.
Во нашата понуда ќе најдете широк асортиман на производи за мебел и ентериер, вклучувајќи рачки за мебел, профили, шарки, клизачи за фиоки, лизгачки плакари, кујнски мијалници, корпи за отпадоци, жичана галантерија, извлечни штекери, гасни амортизери, ногарки, цокли и лајсни, брзни елементи, функционален оков и многу други производи потребни за комплетно опремување.
кои сме ние
За нас
Работиме со внимателно избрани брендови кои се препознатливи по квалитет, функционалност и современ дизајн. Дел од брендовите со кои соработуваме се Ivento, Mesan, Aluminaks, Euroflex, Eroğlu, Huzur Aksesuar, Batu Design, Boyut Plastik и други реномирани производители од областа на мебелот и ентериерските додатоци.
Sador Concept нуди продажба на големо и мало, со достава и соработка на територијата на цела Македонија. Нашите производи се наменети за мајстори, производители на мебел, ентериер дизајнери, компании, како и за индивидуални клиенти кои сакаат квалитетно и функционално решение за својот простор.



